четврток, 12 ноември 2026
Најново

Засладете си го попладнето со чоколадни топчиња готови за 10 минути

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За почеток на неделата ви носиме брз рецепт за чоколадни топчиња кои ќе ги направите за само 10 минути, а потребните состојки можеби веќе ги имате во вашата кујна.
За следниот рецепт кој го најдовме на Јутјуб каналот „Quick, Simple & Delicious“, ќе ви бидат потребни само три состојки.
Состојки:
– 400 грама бисквити
– 2 до 3 банани
– 200 грама чоколадо
Подготовката е прилично едноставна, а процесот чекор по чекор може да го погледнете во видеото.
Подготовка:

Бисквитите сомелете ги во блендер или рачно иситнете ги додека не ја добиете текстурата како во видеото.
Излупете ги бананите, па истолчете ги во чинија, со вилушка. Додадете ги во садот со сомелените бисквити, па добро измешајте додека не добиете смеса налик на тесто.
Од тестото формирајте топчиња и наредете ги во плех.
Растопете чоколадо на пареа, па потоа едно по едно топче потопувајте во чоколадото. Она што ќе ви остане од растопената чоколада може да го искористите за декорација.
Топчињата оставете ги во фрижидер да се стврднат на 10 минути.
На здравје!

Поврзани вести