За дамите кои секогаш се во брзање – “Мрзеливи” лазањи

Затоа ви предлагаме постапка која ќе ви заштеди барем половина од времето за припрема на лазањи, а сепак ќе го задржите неодоливиот вкус на ова јадење.
Потребни состојки:
• 200 гр. макарони
• една главица кромид
• 250 гр. мелено месо
• 400 мл. доматен сос
• 150 гр. кашкавал
• оригано
• сув зачин
• црн бибер
• маслиново масло

Припрема:
Ставете ги макароните во зовриена вода. Додека тестенините се варат, исецкајте го кромидот на коцки и додадете го меленото месо, ориганото и сувиот зачин.
Потоа, додадете го доматниот сос, а по 10 минути готвење додадете ги и макароните во садот. Вака подготвени, ставете ги во сад за печење.
Наросете со изрендан кашкавал и печете 30 минути во рерна на 220 Целзиусови степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.