За сите сладокусци – брз и вкусен Милка чизкејк без печење

Сите сакаме чизкејк, а кога истиот вклучува чоколадо во составот, не можеме да му одолееме. Подгответе се да го вкусите најслаткиот чизкејк од кој невозможно е да изедете само едно парче.
Потребни состојки:
2 пакувања бисквити (околу 400-500 g)
250 g путер
400 g кисела павлака
500 g маскарпоне
200 g слатка павлака
1 ќесичка желатин
150 g шеќер во прав
Милка чоколада – комбинација на бела и млечна, или каква сакате по избор


Начин на подготовка:
Сомелете ги бисквитите и помешајте ги со путерот.
Поставете ја смесата на дното од калап со обрач и добро натапкајте ја. Оставете ја во фрижидерот да се стегне.
Започнете го кремот со мешање на киселата павлака и маскарпонето. Настрана изматете ја слатката павлака. Помешајте сè заедно, додадете го желатинот и шеќерот во прав.
Стопете го чоколадото на пареа и додадете го во смесата. Добро измешајте.
Истурете го подготвениот крем врз слојот од бисквити и оставете добро да се олади во фрижидерот, најмалку 4 часа, пред послужување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.