За 15 минути спремете превкусно јадење: Тестенини со домати и туна се највкусниот рецепт што ќе го пробате

Подгответе интегрални тестенини со туна за две лица кои ќе уживаат во вкусовите на ова едноставно јадење што се подготвува за момент.
Состојки:
200 гр интегрални тестенини
конзервирана туна
2 чешниња лук
лук во прав
зачин
сос од домати
масло
сол
Подготовка:
Ставете ги макароните во тенџере со врела вода да се сварат до соодветна мекост. После тоа, процедете ги тестенините и посипете ги со масло. Потоа вратете ги на оган во истата тава, а потоа додадете сос од домати. Кога сосот малку ќе испари, додадете го исечканиот лук, како и малку лук во прав, потоа додадете ја туната заедно со маслото во неа, по што произволно ќе ги посипете со зачинот врз состојките. Мешајте додека храната не стане густа. Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи: