четврток, 12 ноември 2026
Најново

Здрава и посна вечера која ќе ја обожувате: Рецепт за паштета од сончоглед кој ќе ви ги разбуди сите сетила!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доколку го сакате вкусот на паштета, тогаш може да ја подготвите сами и тоа од сончоглед.
Оваа брза, здрава и посна вечера ќе ги воодушеви вашите, но и сетилата на сите кои ќе бидат во ваша близина.
Потребни состојки:
– 150 грама семки од сончоглед
– 100 грама сусам
– 100 грама кикирики
– 50 грама бадеми
– 3 чешниња лук или 1 црвен кромид
– малку врела вода
– зачини по желба
Подготовка:
Пржете ги семките од сончоглед во сува тава неколку минути. Семките од сончоглед и сусамот измелете ги во блендер, додадете ги кикириките, бадемите, лукот или кромидот, зачини (сол, бибер) и малку зовриена вода. Мешајте ги состојките додека не добиете мазна смеса.
Украсете по желба, на пример со листови магдонос. Намачкајте на парчиња интегрален леб и уживајте.
На здравје!

Поврзани вести