Зеленчук и пршута во бешамел сос

Зеленчук и пршута во бешамел сосПотребни состојки:
-мешавина од карфиол, брокула и морков
-50 г путер
-50 г брашно
-1/2 л млеко
-сол, бибер
-исечкана пршута
-кашкавал
-густин
Начин на подготовка:
Кратко попржете го зеленчукот, па ставете го во огноотпорен сад. Подгответе бешамел сос од еднаква количина путер и брашно, околу 50 грама. Кога путерот ќе се стопи додадете брашно и потоа прелијте со половина литар млеко.
Може да додадете густин пред да се згусне сосот. Мешајте додека не ја добиете саканата густина. Пршутата исечена на парчиња распоредете ја по зеленчукот, а потоа прелијте со бешамел сосот.
Посолете и зачинете по желба. на крајот изрендајте кашкавал, па ставете да се пече на 180 степени околу 40 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.