Земјотрес во Радовиш

Земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа е почувствуван во Радовиш и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот се случил во 23:03 часот и дека потекнува од епицентралното подрачје на Радовиш.
Земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Пронајдете не на следниве мрежи: