Зошто треба да почнете да јадете хелда секој ден?

За нејзина матична земја се смета Индија, каде ја викаат и црн ориз, но како дел од исхраната најмногу се користи во Русија. Една од најважните карактеристики на хелдата е што не содржи глутен, што ја прави идеален избор за луѓето кои се нетолерантни на глутен или од диететски причини сакаат да го намалат или исфрлат глутенот од исхраната.
Иако не е житарка, во исхраната се користи на сличен начин како и житарките, но со своите нутритивни вредности ги надминува оризот, пченицата, пченката и просото. Таа има повеќе висококвалитетни протеини од сите нив, бидејќи содржи 8 есенцијални амино киселини, вклучувајќи ги и лизин и аргинин, кои се дефицитарни кај главните житни култури.
Хелдата претставува природен извор на минерали и витамини од кои: железо (помага во формирање на црвени крвни клетки и хемоглобин во крвта, и овозможува нормално снабдување на метаболизмот со енергија), цинк (помага во одржување на нормален метаболизам на јаглехидратите и репродуктивниот систем), калциум, јод, фосфор, бор, цинк, магнезиум, органски киселини и пектин, а од витамини содржи витамини од Б групата и витамин А.

Од хелдата се прави брашно од кое може да се прави се прави каша, палачинки и други видови храна како со кое било друго брашно, само што брашното од хељда има: 4 пати повеќе железо, 3 пати повеќе калциум, 9 пати повеќе магнезиум, 6 пати повеќе калиум и 2 пати повеќе цинк, бакар и манган.

Исхраната што вклучува хелда ќе ви даде сила и енергија, го прочистува организмот и придонесува да се намали телесната тежина. Хелдата помага при срцеви заболувања и го намалува нивото на холестерол во крвта. Исто така го чисти организмот и помага во правилно и здраво слабеење.
Најлесен начин за приготвување хелда е следниот: хелдата навечер ставете ја во широк сад со капак и прелијте ја со зовриена вода (на една чаша хелда во зрно се става 1,5 чаша вода). Процедете ја водата, па повторно прелијте со зовриена вода. Покријте ја со капак и оставете да кисне преку цела ноќ. Следниот ден ќе биде набабрена и може да ја јадете без понатамошно готвење, самостојно или како прилог во јадењето.
Погледнете ги и овие интересни рецепти како да ја внесете хелдата во вашата исхрана:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.