Зошто треба да јадете две јајца наутро?

Некои луѓе одбегнуваат да јадат јајца поради погрешното верување дека содржат многу холестерол. Меѓутоа, докажано е дека холестеролот во јајцата не е штетен по здравјето. Напротив, јајцата се многу важен дел од исхраната ако се здраво подготвени.
Јајцата се одличен извор на протеини и содржат витамини А, D и Е, В12, рибофлавин, како и железо, калциум, цинк и селен.
Ова се неколку поволни работи што ќе му се случат на вашето тело ако почнете да јадете 2 јајца за појадок:
Холинот во јајцата го подобрува помнењето
Жолчката содржи холин, клучна амино киселина за пренос на малите нервни импулси што ни помагаат подолго да памтиме. Истражувањата покажале дека со доволно внесување холин во исхраната се подобрува помнењето и способноста брзо да одговараме.
Лутеинот во јајцата го подобрува видот

Истражувањата покажале дека јајцата се богати со лутеин, витамин што го одржува бистар видот. Лутеинот ја штити мрежата на окото од влијанието на сонцето и го намалува ризикот од појава на катаракта.
Витаминот D во јајцата помага во апсорпцијата на калиум
Јајцата се богати со витамин D што го регулира нивото на калциум и фосфор во крвта, што спречува појава на остеопороза.
Витаминот B во јајцата го подобрува квалитетот на кожата, косата и црниот дроб
Јајцата се богат извор на витамин В кој помага во создавањето на амино киселини што се неопходни за делба на клетките и создавање нови црвени крвни зрнца.
Се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести
Група истражувачи од Канада открија поврзаност меѓу редовното јадење јајца и намалениот ризик од кардиоваскуларни болести и рак. Тајната е во два важни антиоксиданси што се содржат во јајцата: триптофан и тирозин.
Помагаат при слабеење
Група американски истражувачи открија дека јадењето јајца за појадок во комбинација со полесна храна го забрзува губењето вишок килограми, Јајцата исто така даваат подолго чувство на ситост.
Се зајакнува имуниот систем
Истражувањата покажале дека ако јадете две јајца наутро тоа е доволно за да се заштитите од инфекции, болести и разни вируси. Едно јајце во просек содржи околу 22% од препорачаната доза на селен кој го зајакнува имуниот систем.
Рецепти
Инспирирајте се од овие рецепти за подготвување јајца и појадувајте како шампион секое утро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.