Идеален за освежување за време на топлите денови: Направете сок од нане

Можете лесно сами да направите сируп од нане, кој може да се пие разреден и ладен, и ќе има ефект врз вашето тело речиси веднаш.
Рецепт за сокот од нане
Нането е многу здраво, а ќе го обожавате и вкусот. Постојат многу рецепти за сок од нане, а ние ви претставуваме еден многу лесен за подготовка.
Состојки:
На 10 гранчиња нане ставете литар вода и килограм шеќер, половина лимон и околу 10 грама лимонска киселина (две лажички).
Ако сакате повеќе сок, само удвојте ги овие количини.
Подготовка:
1. Потопете ги гранчињата нане во вода со лимонска киселина и исечени лимони со кора.
2. Измешајте добро и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа.
3. Следниот ден, процедете ја течноста, потоа додадете шеќер и добро измешајте. Оставете да отстои уште 24 часа, повремено мешајќи.
4. По 48 часа сирупот е подготвен за истурање и чување во стаклени шишиња. Помалите количини најдобро е да се чуваат во фрижидер, а поголемите на ладно и темно место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.