Идеја за десерт: Чоколадни колачиња со брусница

190 путер
100 г кафеав шеќер
300 г чоколадо
200 г брусница
360 г брашно
60 г какао
Малку сол
1 прашок за печиво
2 јајца
1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Ставете ги брусниците во топла вода и нека стојат до 30 минути. Изматете го путерот со шеќер. Потоа ставете чоколадо, брашно, какао, сол и прашок за печиво. Измешајте и додајте ги брусниците.
Во истата смеса додајте изматени јајца и екстракт од ванила, па замесете го тестото. Покријте го тестото и ставете го во фрижидер за да може да се обликува. Направете топчиња со средна големина. Подготвените топчиња ставете ги во замрзнувач барем 1 час. Печете ги на 190 степени, околу 15 минути откако ќе ги извадите од замрзнувач.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.