четврток, 12 ноември 2026
Најново

Изгледа неверојатно и во форма на мафин: Најдобар рецепт за домашна проја

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Овој рецепт за проја на сите им успева, можете да го измените да биде посен, а сигурно ќе ве воодушеви!
Речиси сите сакаме да јадеме домашна проја. Кога е мека – ѝ нема рамна, а одлична е и со сирење, сланина и млад кромид. Со било кој солен додаток ќе ѝ го збогатите вкусот.
Овој рецепт за проја можете да го модифицирате да биде посен, а и тогаш ќе биде неодоливо вкусен.
Млекото од рецептот можете да го замените со јогурт или вода, или дури комбинирајте ги сите три.
Состојки:
– 3 јајца
– шолја масло (или чаша стопена маст)
– 3 шолји млеко
– 3 шолји брашно
– 3 шолји пченкарно брашно
– лажичка сол
– лажичка прашак за пециво
Подготовка:
Земете ги сите состојки. Истурете ги во плех или калап за мафини, па печете 40 минути на 220 степени. По желба, додадете сусам на врвот, а можете да додадет и чиа семе.
На здравје!

Поврзани вести