Интегрални стапчиња со семки

Потребни состојки:
250 г интегрално брашно
250 г бело брашно
1 ќесичка прашок за печиво
0,5 дл маслиново масло
0,5 дл сончогледово масло
3 дл бело вино
2 лажички морска сол
Семки од сончолед, или по ваш избор
1 јајце
Сусам
Начин на подготовка:
Измешајте ги двата вида брашно, додајте прашок за печиво, сол, двата вида масло, бело вино и семки. Замесете тесто и оставете го да отстои. Расукајте и исечкајте го на стапчиња. Наредете ги во тава. Вклучете ја рерната, премачкајте ги стапчињата со изматено јајце, наросете со сусам или сенки од сончоглед и печете на 200 степени околу 35 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.