Италијанец и Кинез со лажни документи пробале да влезат во Македонија

МВР информира дека вчера рано утрината во 01:50 часот на Граничниот премин „Meѓународен Аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода М.Х.(26) од Италија и Ч.Л.(27) од Кина, затоа што при извршени гранични проверки констатирано е дека приложиле фалсификувани документи.

Тие биле задржани во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи: