Италијански десерт што се претвора во пијалак

Гранита е италијански десерт подготвен од вода, шеќер и разни овошни вкусови кои се замрзнуваат во замрзнувач пред да се послужат.
Рецепт за италијански десерт што се претвора во пијалак
Потребни состојки:
1 диња од околу 800 гр
2 лажици свежи листови од нане
150 мл вода
200 грама шеќер
сок од 1 лимон
Начин на подготовка:
1. Измешајте ги водата и шеќерот и оставете да зоврие. Оставете ја течноста да се излади.
2. Излупете ја дињата, исчистете ги семките и исечкајте ја на мали коцки. Ставете ја во бледнер заедно со листовите нане и сокот од лимон и направете пире.
3. Измешајте ја дињата со разладениот шеќерен сируп. Префрлете ја смесата во плех за печење со големина 20 х 20 цм и ставете ја да стои во замрзнувач два часа.
4. По два часа, извадете ја изладената гранита од замрзнувачот и измешајте ја содржината.
5. Повторувајте ја постапката на секој половина час, вкупно четири пати, за да формирате ледени кристали.
6. Потоа, гранитата е подготвена за сервирање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.