„И Здравје и Работа“: Европското искуство покажува дека може „и екологија и рударство“

Во јавната дебата често се наметнува дилемата дека државите мора да избираат меѓу заштитата на животната средина и развојот на рударството. Европското искуство, сепак, покажува дека овие две цели не мора да бидат спротивставени – земји со високи еколошки стандарди истовремено развиваат современо рударство и инвестираат во искористување на сопствените минерални ресурси.

Во Брисел наскоро се очекуваат резултатите од вториот повик за финансиска поддршка на рударски проекти, на кој, според достапните податоци, биле поднесени 160 апликации. Европската Унија ги забрзува процедурите за добивање дозволи за ископ на критични минерали со цел да ја намали зависноста од трети земји, но паралелно остануваат строгите научни проценки, мониторингот, финансиските гаранции и обврската за рекултивација на просторот.

Првата селекција во 2025 година резултираше со 47 стратешки проекти во ЕУ и 13 проекти во партнерски земји. Меѓу земјите кои активно го развиваат рударството е Шведска – држава која истовремено се издвојува со високи еколошки перформанси.

„Овие примери покажуваат дека изборот не мора да биде „или екологија или рударство“. Напротив, европските земји покажуваат дека со современи технологии, научни проценки, строг мониторинг и јасни правила може истовремено да се заштитува животната средина и да се развива рударството“, велат од „И Здравје и Работа“.

Оттаму посочуваат дека во време кога ЕУ активно ги поддржува новите рударски проекти и ги забрзува процедурите за критичните минерали, Македонија не треба да остане надвор од овие процеси.

„Додека Европа разгледува 160 апликации за нови рударски проекти и истовремено поставува високи стандарди за заштита на животната средина, кај нас единствената сериозна нова инвестиција во рударството останува проектот „Иловица–Штука“. Македонија има можност да ги следи европските примери и да покаже дека развојот и заштитата на животната средина не се исклучуваат, туку можат да одат заедно – под услов да се почитуваат законите, стручните проценки и највисоките еколошки стандарди“, додаваат од иницијативата.

Европа ни покажува дека не мора да бираме меѓу чиста животна средина и економски развој. Можеме да имаме и екологија и современо рударство. Прашањето е само дали Македонија ќе има храброст да го следи тој пат и да ги стави своите ресурси во функција на развојот, со највисоки стандарди и строга институционална контрола.

Македонија не смее да дозволи стравот и нестручните проценки да ја блокираат иднината. Ако сакаме европски стандарди, тогаш треба да ги прифатиме и европските принципи: одлуките за рударството да се носат врз основа на наука, закон и контрола – а не врз основа на притисок.

Пронајдете не на следниве мрежи: