четврток, 12 ноември 2026
Најново

И Моцарт би ги јадел: Рецепт за топчиња од чоколадо и марципан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ви носиме рецепт за пралини по примерот на познатите Моцарт топчиња од Салцбург, кој ќе им се допадне на сите љубители на чоколадо, ф’стак и марципан. Добар апетит!
Состојки за 30-на топчиња:
– 50 гр. марципан
– 100 гр. ф’стаци (несолени)
– 100 гр. чоколаден прелив по желба
– 150 гр. темно чоколадо
– 4 лажици крем за шлаг


Подготовка:
Околу еден час пред подготовката на топчињата, ставете го чоколадниот прелив во пластичен сад и замрзнете го. Измелете ги ф’стаците ситно. Со раце малку разредете го марципанот, па во него ставете ги измелените ф’стаци. Месете додека не добиете цврста и мазна смеса.
Рачно формирајте помали топчиња, ставете ги во плех и ставете ги во фрижидер на 15 минути, за малку да се изладат. Во секое топче направете мала дупка со палецот, во неа ставете малку од замрзнатиот чоколаден прелив и потоа со прстите повторно затворете го топчето, користејќи марципан и обликувајте. Кога ќе ги наполните сите топчиња, ставете ги во замрзнувач на еден час.
Темното чоколадо искршете го на коцки и ставете го во сад да се растопи. Откако ќе се излади, земете стапчиња за ражничи и на нив ставете ги топчињата, кои потоа ќе ги измешате во растопеното чоколадо. Откако ќе завршите со тоа, наредете ги во сад и ставете ги во фрижидер, за чоколадото малку да се стврдне.
Топчињата задолжително чувајте ги во фрижидер.

Поврзани вести