Како да зготвите грав кој нема да предизвикува гасови и надуеност?

Гравот има многу малку масти и калории, без разлика на видот. Покрај тоа, е одличен извор на протеини, витамини од групата Б, фолна киселина и влакна кои го намалуваат холестеролот. Секој може да го консумира бидејќи не содржи глутен. Доколку сте на диета, слободно опуштете се со оброк од грав поради многу малку калории и масти со кои е богат, а воедно го снабдува организмот со магнезиум и железо. Нема да ви недостига енергија после јадење грав, а на телото ќе му обезбеди вистинска антиоксидантна заштита.
Многумина знаат да се откажат од јадење грав, знаејќи дека тој набабрува и предизвикува можни непријатности поради создавање на гасови во телото. Но, има неколку трикови и за тоа.
На многумина им е добро познато дека гравот помалку ќе набабри ако се остави во вода барем неколку часа пред да се готви. Според трик од бабината кујна, добро е да го натопите гравот ден претходно и да го оставите во вода преку ноќ.
Освен потопување во вода, за да не набабри гравот, при готвењето во водата ставете и ловоров лист, ким, мајоран, мајчина душица или ѓумбир, чии својства го спречуваат последователното формирање на гасови во телото.
Факт е дека лошо сварениот грав предизвикува повеќе гасови. Ако сакате да го спречите тоа, задолжително измијте го гравот (дури и оној од конзерва) и варете го на тивок оган подолго, а не на повисок. Со миење и натопување гравот ги губи шеќерите кои меѓу другото влијаат и на надуеноста, односно на подоцнежната надуеност.
Имено, кога тој шеќер ќе навлезе во дебелото црево, бактериите задолжени за неговото градење произведуваат непријатен мирис на гас кој ќе мора да го напушти телото. Искусните готвачи советуваат дека гравот е добро зготвен само откако ќе се свари трипати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.