четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како да направите сирење без млеко?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако сте одбрале веганска диета како начин на живот или од здраствени причини одлучувате да постите и да не внесувате храна од животинско потекло, тогаш овој рецепт е за вас. Ова сирење е лесно и брзо за подготовка и е одлично за постите или за мезе со чаша добро вино.
Одлично за постите или за мезе: Како да направите сирење без млеко?
Потребни состојки:
250 г индиски ореви
1 лажичка босилек
1 лажичка орегано
1 лажичка сол
1 лажичка и половина нишесте
1 чешне лук
1 лажичка сок од цеден лимон
1 лажичка јаворов сируп
2 лажички агар-агар во прав
3 лажици квасец


Начин на подготовка:
Во блендер ставете ги индиските ореви, босилекот, ореганото, солта, нишестето, лукот, сокот од лимон, јаворовиот сируп и квасецот. Ставете 125 милилитри вода и мешајте за да добиете изедначена смеса.
Во шерпа ставете 125 милилитри топла вода и 2 лажички агар-агар во прав. Мешајте на средна топлина и когата ќе зоврие додадете ја смесата од блендерот и пак мешајте.
Гответе додека не зоврие, а потоа истурете ја смесата во тава. Оставете да отстои во фрижидер 2 часа. Исечете на парчиња и уживајте во вкусот.

Поврзани вести