четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како до ориз чии зрна се двојат?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако ова јадење изгледа како многу едноставно за подготовка, сепак доста луѓе грешат при токму при подготовката и не го добиваат посакуваниот ориз.
Еве совети како да се готви оризот на вистински начин.
Прво и најважно, никогаш не ставајте ориз во ладна вода бидејќи ќе биде згуснат и леплив. Наместо тоа, прво пропржете го малку на масло. Во друго тенџере ставете ја водата да зоврие и дури потоа ставете го оризот. Веднаш зачинете и мешајте додека водата целосно не испари.

Оставете да врие околу 25 минути.
Кога водата ќе зоврие, покријте го садот во кој го готвите оризот и намалете ја температурата.
На крај додадете неколку капки лимон и малку путер.
Исто така, многу е важно да се внимава на големината на оризот и водата, така што две шолји вода одат на една шолја ориз.

Поврзани вести