Кифлички со павлака

Превкусни меки кифлички, идеални за појадок.
Потребни состојки:
520 г брашно
1 сув квасец
1 и пол лажичка прашок за печиво
1 белка
1 лажица шеќер
250 мл млеко
30 г масло
80 г кисела павлака
За премачкување:
1 жолчка, малку вода
Семки по желба
Начин на подготовка:
Промешајте го брашното со сите суви состојки. Загрејте млеко и путер за да биде млако, да додајте брашно, белка и павлака и замесете го тестото. Оставете го да нарасне околу 30 минути. Подгответе тава обложена со хартија за печење.
Ставете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 2 еднакви дела. И двата дела расукајте ги во голем круг и сечете триаголници по желба.
Ставете ги на хартија за печење и оставете ги да отстојат 20 минути. Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте ги кифличките со жолчка и малку вода, наросете со семки и печете 20-25 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.