четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кога еднаш ќе ги пробате, секогаш ќе ги правите вака: Најдобрите пилешки медалјони

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако сакате пилешко, тогаш медалјоните се дефинитивно вашето омилено јадење.
Иако на почетокот не изгледа така, нема да ви треба многу време за подготовка, а вкусот е фантастичен.
Откако ќе пробате вака подготвени медалјони, во иднина ќе ги правите само на овој начин.
Пробајте и уживајте во крцкавата закуска!

Состојки:
(ако ви е многу, можете да направите пола од мерката)
– околу 800 – 900 гр. бело, пилешко месо (може да се направи и од карабатак или мисирка)
– 4 јајца
– 1 лажица сенф
– 3 лажици масло
– 1 кафена лажичка оригано
– рамна лажичка кари
– врз лажичка пиперка
– 1,5 лажички сол
– половина лажичка лук во прав
– 4 лажици брашно
– малку мелен пипер (не мора ако немате)
– половина кесичка прашок за пециво 5 гр.
– 200 – 250 мл. масло (во зависност од волуменот на тавата.
Можете да додадете зачини по вкус, а не вака од рецептот. Дури и само да додадете сол, бибер, малку вегета и листови од магдонос ќе биде супер вкусно.
Подготовка:
Исечете го месото на мали коцки. Јајцата се матат, се додаваат сите зачини, маслото, брашното и прашокот за пециво. Промешајте за да избегнете грутки, додадете го месото и поклопете, па оставете го во фрижидер најмалку еден час или преку ноќ.
Извадете ја смесата со лажица и спуштете ја во загреаното масло. Намалете ја температурата на ринглата. Пржете околу 4 минути од едната и 4 минути од другата страна.
Погледнете чекор по чекор инструкции за подготовка:

Поврзани вести