Кокос рафаело коцки

Толку сочно и лесно, се топи во устата.
Состојки:
– 5 јајца
– 300 гр шеќер + 5 лажици
– 150 гр брашно + 5 лажици
– 150гр кокос + уште малку за посипување
– 1/2 литар млеко + 2 чаши
– маргарин
– шлаг или рендано чоколадо за украсување
Подготовка:
Кора: Изматете 5 белки, 200гр шеќер, 150гр брашно и 150гр кокос. Истурете ја смесата во плех за печење (помал) и печете на 180 степени. Кога кората ќе се олади, полијте ја со 2 чаши топло млеко.
Фил: Изматете 5 жолчки со 5 лажици шеќер и 5 лажици брашно, па варете во половина литар млеко додека не се згусне како пудинг. Во изладениот фил додадете 1 изматен маргарин со 100 гр шеќер (шеќерот не е потребен ако не сакате да биде премногу слатко).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.