четврток, 12 ноември 2026
Најново

Колач од бобинки: Вкусен десерт кој одлично оди со кафе или чај

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Последните денови од летото искористете ги за максимално уживање во сезонските плодови.
Капини, јагоди, малини, боровница… сето тоа се бобинки кои придонесуваат за нашето здравје, а доколку сакате да приготвите вкусен десерт од нив, испробајте го овој рецепт за колач.

Денешниот предлог кој ви го претставуваме во продолжение содржи многу малку шеќер, па можете да го користите и како здрава ужина. Одлично оди со кафе и чај, на вас останува само да одлучите што повеќе ви одговара.

Потребни состојки:

  • 200 гр. аронија
  • 100 гр. капини
  • 100 гр. малини
  • 4 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво

Начин на подготовка:
Измијте ги и исцедете ги бобинките, па додајте им 2 лажици шеќер, промешајте и оставете малку да отстојат.
Изматете 4 јајца со 3 лажици шеќер, па додајте го брашното и прашокот за печиво и добро соединете ги состојките.
Во смесата на крајот додајте ги и бобинките, промешајте, па префрлете ја во тава обложена со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 250 степени, 20 минути, а потоа намалете ја температурата на 150 степени и печете уште 10 минути

Поврзани вести