Колач со банани и бадеми

4 јајца
400 г шеќер
250 г брашно
50 г какао
50 г сечкани бадеми
1 прашок за печиво
½ кафена лажица сода бикарбона
250 мл топла вода
2 банани
120 мл млеко
120 мл масло
1 лажица екстракт од банана
Во сад изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги какаото, маслото, млекото, екстрактот, прашокот за печиво, содата, брашното и водата, и промешајте со лопатка.
Бананите измиксајте ги и заедно со бадемите додадете ги во садот. Промешајте и нанесете ја смесата во тава прекриена со хартија. Испечете и исечете го изладениот колач на парчиња. По желба на колачот може да ненесете растопено чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.