Колач со чоколадна глазура

Потребни состојки:
-1 чаша брашно
-3 јајца
– ½ чаша шеќер
– ½ чаша какао
-1 чаша кисела павлака
– ½ чаша масло
– ½ вреќичка пециво
-1 ванилин шеќер
-100 г чоколадо
-50 г мелени печени бадеми за декорација (по желба)
Подготовка:
Во сад измешајте ги сите суви состојки. Во друг сад ставете ги јајцата, маслото и киселата павлака, па измешајте со миксер додека состојките не се соединат.
Потоа додадете ги сувите состојки и мешајте полека со миксерот.
Калапот за печење намачкајте го со путер или масло и посипете брашно, па ставете ја смесата. Печете го колачот 35 минути во загреана рерна на 180 степени.
Кога колачот ќе се испече и олади, прелијте го со стопеното чоколадо. Кога чоколадото ќе се стегне, може да го декорирате со мелени бадеми или по ваш избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.