Корејски леб полнет со сирење или кашкавал кој трае со денови и има вкус за паметење

Во последно време на интернет нема попопуларен рецепт од ова меко печиво чие топено сирење или кашкавал се развлекува – едноставно неодоливо.
Можете да го јадете заедно со друг оброкот, но исто така може да биде и единствен јадење во кое ќе уживате за појадок или пак вечера.
Состојки:
– 1 голем компир или два помали;
– 250 грама брашно;
– 50 милилитри млеко;
– 7 грама сув квасец;
– 1 лажичка шеќер;
– 1 лажичка сол;
– 1 лажичка путер;
– 1 јајце;
– Магдонос;
– Кашкавал;


Подготовка:
Излупете ги и добро сварете ги компирите, па додадете малку млеко во нив и направете пире. Потоа ставете шеќер и квасец, па мешајте.
Во смесата додадете истопен путер, јајце и магдонос и сè добро измешајте, па додадете го брашното.
Откако ќе ја добиете смесата, покријте ја и оставете да отстои два часа додека не нарасне.
Со масло за јадење или путер измачкајте го садот за печење, па ставете го тестото во него.
Поделете го тестото на два еднакви дела и потоа ставете го кашкавалот меѓу нив, па покријте со останатиот дел од тестото.
Печете околу половина час во загреана рерна на 180 степени Целзиусови.
Уживајте во прекрасното јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.