Која храна е поздрава, готвената или свежата?

Со готвењето на храната се подобрува нејзиниот вкус, но исто така се менува и нејзиниот нутритивен состав. Интересно е тоа што некои витамини се губат со готвењето, а други стануваат корисни за вашето тело, но сè зависи од намирниците коишто ги користите.
Некои тврдат дека треба да консумирате сирова храна за да имате подобро здравје, но подготвената домашна храна има многубројни придобивки за вашето здравје.
Нутриционистите велат дека сировата храна е поздрава од готвената бидејќи во текот на готвењето се уништуваат ензимите. Сепак, многу е тешко да јадете само свежа храна бидејќи понекогаш ви се јаде готвена храна.


Освен тоа, некои видови храна содржат опасни бактерии и микроорганизми кои се елиминираат само со готвењето. Ако често јадете сирова риба и месо, ќе бидете изложени на некои болести.
Ензимите се чувствителни на топлина и се деактивираат кога се изложени на високи температури. Ова е единствениот аргумент кој е во корист на исхраната со сирова храна.
Од друга страна, човечкото тело произведува ензими кои се неопходни за преработување на храната, а телото ги апсорбира и повторно ги излачува одредените ензими, па затоа има многу мала веројатност дека преработувањето на храна ќе доведе до недостаток на ензими.
Науката уште не ги покажа негативните ефекти од консумирање готова храна со денатурирани ензими.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.