Кремасто рижото со печурки и пармезан

Потребни состојки:
300 г ориз
300 г печурки, по желба
120 мл бело вино
50 г рендан пармезан
Половина литар супа
1 кромид
Путер
Сол и бибер
Магдонос
Масло
Начин на подготовка:
Во поголем сад загрејте малку масло, па во него продинстајте го ситно сечканиот кромид. Додајте ги печурките и динстајте околу 3 минути.
Во тенџерето додајте го оризот и пропржете околу 1 минута и постојано мешајте. Прелијте со бело вино и мешајте околу 3 минути.
Малку по малку додавајте од супата со постојано мешање. Откако ќе испари течноста, додајте уште супа. Повторете ја постапката додека да ја потрошите супата, а оризот треба да биде убаво сварен. Потребни ви се 20-25 минути на умерена температура.
Пред крајот додајте парче путер и рендан пармезан, посолете, додајте бибер и магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.