Кремаст десерт од карамела: Не ви требаат ни миксер ниту рерна, а вкусот е божествен

Испробајте нов десерт и уживајте во кремастите залачиња со вкус на карамела.
Потребни состојки:
– 100 гр. путер
– 120 гр. брашно
– 1 л. млеко
– 170 гр. шеќер
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 1 лажица пченкарен скроб
– 300 мл. вода

Начин на припрема:
Во подлабок сад ставете го путерот, па ставете го на оган да се стопи. Потоа, во стопениот путер додајте го брашното и добро измешајте, а потоа додајте цел литар млеко, но постепено и со мешање.
Гответе на тивок оган, а потоа додајте 80 гр. шеќер, па повторно измешајте и додајте го екстрактот од ванила. Варете на тивок оган додека кремот не стане погуст, како пудинг, а потоа оставете го да се излади, па ставете го во калап или сад.
Оставете го да се излади уште половина час, а во меѓувреме пригответе го преливот. Во помал сад измешајте го пченкарниот скроб и 200 мл. вода, па добро измешајте за да исчезнат грутките.
Во тава ставете 90 гр. шеќер и ставете го на тивок оган да се истопи. Кога ќе добие златна боја, во шеќерот додајте 100 мл. вода, измешајте и во тоа додајте ја мешавината од пченкарен скроб и вода што ја припремивте претходно. Повторно измешајте го сето тоа и гответе додека преливот од карамела не стане погуст.
Прелијте го врз кремастиот десерт, распоредете го по целата површина и оставете го во фрижидер да се излади околу 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.