Кременадли во сос од печурки

4 свински кременадли
300 г свежи шампињони или буковки
200 мл кисела павлака
200 мл млеко
100 мл бело вино
1/2 исцеден лимон
3  чешниња лук
2  ловорови листа
1 лажица брашно
1 лажица сув зачин
1 лажица сува мајчина душичка
1 кафена лажица ѓумбир
масло, сол и мелен црн пипер
Во сад ставете ги виното, сокот од лимон, 3 лажици масло, сувиот зачин, ѓумбирот, мајчината душичка, 2 исечени чешниња лук, ловоровите листови, сол и црн пипер.
Додадете ги кременадлите, свалкајте ги во зачините и оставете да отстојат 1 час. Извадете ги од садот, испржете ги и извадете ги од тавата.
На преостанатата мрснотија запржете 1 исечено чешне лук. Печурките исечете ги на парчиња и додадете ги во тавата. Откако ќе се испржат додадете ги млекото, павлаката, брашното, сол и црн пипер. Варете додека се згусне сосот и сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.