Кремисимо коцки: Вкусен десерт одличен за секоја пригода

Овие кремасти коцки се навистина лесни за подготовка и се толку вкусни што веднаш ќе ги изедете.
Вкусни кремасти коцки одлични за секоја пригода
Потребни состојки:
600 милилитри млеко
2 кесички пудинг од ванила
125 грама маргарин
100 грама шеќер во прав
3 лажици шеќер
100 грама крем
70 грама темно чоколадо
4 крем банани
36 парчиња бисквити
200 милилитри млеко за бисквитите

Начин на подготовка:
Измешајте ги пудингот, трите лажици шеќер и 100 милилитри млеко, а останатото млеко ставете го да зоврие. Откако ќе зоврие додајте ја смесата со пудингот и мешајте додека не се згусне. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се излади.
Во сад измешајте ги маргаринот и шеќерот во прав, додајте го изладениот пудинг и поделете ја смесата на 3 дела.
Во едниот дел ставете ги исечканите крем банани, во другиот кремот, а во третиот додајте го растопеното темно чоколадо.
На чинија наредете 12 бисквити потопени во млеко, па нанесете еден дел од смесата. Повторно наредете 12 бисквити и нанесете го вториот дел од смесата. Наредете ги останатите 12 бисквити и завршете со третиот дел од смесата.
Оставете го колачот преку ноќ или неколку часа во фрижидер.
Исечете го на коцки и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.