Крем чорба од карфиол

500 г карфиол
250 мл кисела павлака
150 мл млеко
2 јајца
1 лажица брашно
1 лажица сенф
1 лажица сув зачин
1 кафена лажица ким
масло, сол и мелен црн пипер по вкус
Измиените цветови карфиол обарете ги во вода со млекото, сувиот зачин и кимот. Испасирајте ги или измиксајте ги и вратете ги во тенџерето на оган.
Јајцата изматете ги со виљушка, и измешајте ги со павлаката, сенфот,  брашното, масло, сол и црн пипер. Додадете во тенџерето и варете уште неколку минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.