четврток, 12 ноември 2026
Најново

Крцкави однадвор и меки одвнатре: Кифлички со КРЕМ ОД ВАНИЛА кои ги правеа нашите баби

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уникатниот вкус сигурно ќе остане во вашата меморија
Меки одвнатре и крцкави однадвор, овие кифлички се едно од пецивата што го одбележаа детството на многумина.
Не постои дете кое не сака кифлички, така што тие ќе бидат целосен погодок.
Овие слатки кифлички се полнети со пудинг од ванила, а исто така можете да направите и фил по ваш избор.
Состојки:
1 кг брашно
50 гр свеж квасец
5 лажици шеќер
1 лажичка сол
350 мл млеко
250 гр путер
2 пудинзи од ванила
1 јајце
Подготовка:
Од наведените состојки замесете тесто. Оставете го да одмори 15 минути, а потоа поделете го на помали топчиња од по 100 грама. Оставете ги топчињата да нараснат околу 20 минути. Премачкајте ги со јајце и печете 40 минути на 170 степени.
Подгответе го филот. Сварете го пудингот според упатствата од кесичката. Кога кифличките се готови и оладени, секоја од нив благо се расекува и се полни со крем од ванила.
Пријатно!

Поврзани вести