Крцкави триаголници полнети со сирење

Со чаша јогурт совршен оброк.
СОСТОЈКИ:
1/2 кг кори за пита
200 гр сирење
1 јајце
малку прашок за печиво
100 мл јогурт

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во чинија издробете сирење, додајте јајце, јогурт и прашок за печиво. Се добро изедначете. Кората раширете ја на маса па премачкајте ја, свиткајте ги страните до половина и повторно преклопете. Со лажица ставете фил по целата должина. преклопете ја другата страна на филот па ставете еднаш на едната еднаш на другата страна формирајќи триаголник.
Редете во намастен плех. Готовите триаголници премачкајте ги со масло и посипете по желба со сусам. Печете на 200 степени околу 30 минути убаво да поруменат.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.