Крцкаво однадвор, меко одвнатре: Најдобриот рецепт за пилешко во бел сос

Не сте сигурни што да подготвите за ручек? Пилешкото е секогаш добро решение, особено ако се комбинира со компири.
Сите знаеме дека белото месо често знае да излезе прилично суво, но со овој рецепт таква грешка нема да излезе. Со овој начин на подготовка ќе добиете бело месо што ќе биде крцкаво однадвор, а сочно и меко одвнатре. За овој рецепт ќе ви биде потребна и супа, а слободно може да искористите и готова замрзна, доколку имате таква во замрзнувачот. Супата на секое јадење му дава посебен вкус.
Ако сакате, можете да направите пржено бело месо без да користите јајца, брашно и презла.
Потребни состојки:
500 gr пилешко филе
1 кромид
4 чешниња лук
150 gr брашно
200 gr пармезан
лук во прав
со
бибер
маслиново масло
путер
200 ml супа
200 ml павлака за готвење
Подготовка:
Зачините сол, бибер и лук во прав втријте ги во месото, потоа измешајте брашно и 100 gr од од пармезанот и убаво превртувајте го месото во него, исто како кога тоа го правите со презла. Во тава турете малку маслиново масло и путер и испржете го месото. Потоа извадете го месето, во тавата ставете го исечканиот кромид, а кога ќе се испржи додадете го и исечканиот лук. Истурете супа, останатите 100 gr пармезан и павлаката за готвење. Кога сосот ќе почне да врие, вратете го месото и оставете на оган уште неколку минути.
Потоа можете да го комбинирате со пекарски компир, ориз, или некој друг додаток по желба. Украсете со магдонос или босилок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.