Лажни палачинки – нов хит рецепт

Рецептот за лажни палачинки го излуди интернетот, а луѓето со ентузијазам коментираат дека ваквите палачинки се многу повкусни и се прават неверојатно брзо.
Крцкави однадвор, а одвнатре полни со вкусно, кремасто полнење. Најдобро од сѐ, нема стоење до тавата, а нема чад или задолжително проветрување на домот по подготовката на палачинки.
Лажните палачинки се идеален начин за искористување на вишокот леб.
Многу лесно се подготвуваат:
Исечкајте го лебот на парчиња, развлечете го тенко како да е тесто и отстранете ја корката. Премачкајте со путер и џем, крем или што сакате, па свиткајте го во ролат. Потопете ги тие ролни во смеса од јајца, млеко и цимет и потоа испржете ги.
Покрај слаткото, полнењето може да биде и солено. Комбинациите се бројни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.