Лазањи од шпагети

Овие лазањи од шпагети ќе ви се допаднат на првиот залак, а сите ќе ве прашуваат за рецептот за ова јадење. Превкусно, а секој може успешно да го направи.

Италијанската кујна е една од најпознатите во целиот свет, а еден од најдобрите специјалитети се секако лазањите. Не се тешки за подготовка, а доколку сакате да ги јадете, ви го предлагаме и овој рецепт. Станува збор за лазањи направени со шпагети, а за уште подобар вкус додадете прелив од кашкавал. Задолжително пробајте, бидејќи сигурно ќе уживате во секој залак.

Потребни состојки:

800 мл сос од домати
1 конзерва сечкан пелат
1 кромид
1 пиперка
4 чешниња лук
900 гр мелено месо
1 лажичка ворчестер сос
¼ чаша суво црвено вино
италијански зачин
мелена пипер
сол
лук во прав
кромид во прав
2 прстофата шеќер
свеж босилок
2 лажици доматна паста
1 пакување шпагети
250 гр тврд кашкавал (по можност чедар)
маслиново масло
За преливот:

1 шолја рендан пармезан
300 гр моцарела
½ шолја кисела павлака
150 гр кремсир со лук
свеж магдонос
сол
бибер
лук во прав
кромид во прав
Подготовка:

Загрејте го маслиновото масло, а потоа додадете ги исечканите кромид и пиперка. Пржете додека не омекнат, па додадете мелено месо и толчен лук. Добро зачинете (сол, бибер, лук и кромид во прав, италијански зачин, мелена пипер), па измешајте, а кога месото малку ќе се испржи додадете пелат, доматна паста и шеќер. Промешајте и оставете да се крчка неколку минути, а потоа сипете го црвеното вино. Оставете да зоврие, па истурете го доматниот сос. Оставете го сосот да зоврие и покријте го, а потоа гответе на тивок оган околу еден час или два, повремено мешајќи. Вкусете го готовиот сос и додадете шеќер ако е премногу кисел. Додадете сечкан босилек.

Во сад измешајте кремсир, павлака, сечкан магдонос, зачините, па додадете рендана моцарела (оставете малку на страна) и рендан пармезанот. Сè убаво измешајте, а шпагетите сварете ги според упатството – ал денте. Во тава истурете тенок слој месо, потоа процедените шпагети, па слој од смесата со кремсир. Посипете со рендан чедар, па наредете уште еден слој шпагети, па месо, како и ренданата моцарела што ја оставивте на страна. Печете во загреана рерна на 190°C околу 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.