Лепиња со маслинки

Потребни состојки:
380 г брашно
1 квасец
1 лажичка сол
40 г маслиново масло
250 мл вода
100 г маслинки
2 лажици маслиново масло
Сол и рузмарин
Начин на подготовка:
Промешајте го брашното со сите суви состојки, па додајте масло и вода и умесете.
Оставете го да нарасне. Подгответе ја тавата обложена со хартија за печење.
Обликувајте лепиња со големина по ваша желба. Одозгора распоредете маслинки, рузмарин и оставете го тестото околу 20 минути.
Пред печење премачкајте со маслиново масло, наросете со рузмарин и крупна сол. Печете на 200 степени околу 25 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.