ЛЕПЧИЊА ОД КОМПИР СО СИРЕЊЕ – ОДЛИЧНА ЗАМЕНА ЗА ЛЕБ: Едноставно и вкусно пециво кое ќе го обожавате

Можете да ги јадете наместо леб, а тие се едноставни и вкусни.
Состојки:
500 гр компири
околу 90 гр брашно
1 лажица шеќер
сирење по вкус
Подготовка:
Исчистете го компирот и сварете го. Направете пире, а потоа додадете брашно, шеќер, сол и бибер. Промешајте добро. Набрашнете ги рацете, потоа земете малку смеса од компири и направете круг (најблиску до тоа). Вметнете 3-4 помали парчиња сирење, потоа направете топка. Израмнете со прстите. Пржете во загреано масло додека не ја сменат бојата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.