ЛЕПЧИЊА СО СИРЕЊЕ: Нема на кој не му се допаднале овие совршени пецива!

Кога ви треба нешто брзо и вкусно, тогаш не мора да барате повеќе. Брзо замесете тесто и испечете ги овие меки лепчиња. Намачкајте крем сирење на топлите лепчиња и послужете со домати и јогурт. Исто така е одлична ужина кога доаѓаат вашите гости, но и ако славите слава.
Состојки:
150 мл вода
70 гр путер
1 прстофат сол
1 прстофат бибер
3 јајца
брашно 110 гр
25 гр пармезан
50 гр моцарела
малку магдонос

Подготовка:
Се топи путерот, потоа се додава вода, сол и бибер.
Промешајте, а потоа додадете брашно кога путерот ќе зоврие.
Добро измешајте за да се соедини се.
Извадете ги во сад и додадете ги јајцата, а потоа изматете ги.
Додадете рендана моцарела и сецкан магдонос и добро измешајте
Со лажица за сладолед извадете ги на плех обложен со хартија за печење.
Посипете со пармезан и печете на 190 ° C околу 25 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.