Лесен ручек од само три состојки

Летото освен по плажата и морето е познато по своите лесни и брзи рецепти за готвење. Затоа, еве ви еден идеален рецепт за летните горештини.
Состојки:
– 1 голема главица кељ, ситно сецкана
– 8 големи јајца
– 680 грама пасирани домати (сок од домати)
– 2 лажици масло за готвење
– Сол
– Бибер
Подготовка:


Загрејте ја рерната на 180 степени. Најпрво загрејте го маслото и додадете го ситно исецканиот кељ, заедно со биберот и оставете го 2-3 минути. За тоа време додадете го сокот од домати. Доколку користите пасиран домат, додадете зачини (шеќер, сол, магдонос, оригано..) и гответе уште 2 минути. Со лажица, внимателно направете дупки, ставете ги јајцата и додатете малку сол и бибер. Почекајте малку за да се испржат јајцата, а потоа целата смеса префрлете ја во сад за печење. Печете додека јајцата не станат бели и жолчката не омекне, одприлика 15 минути.
Пријатен апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.