Летен крем колач со праски

2 готови теста за торта
1 литар млеко
100 г шеќер
2  пудинга од ванила
2 лажици густин
200 г шеќер во прав
125 г маргарин
1 кесичка желатин
750 г праски
Во тенџере на оган ставете 800 мл млеко и 200 г шеќер. Прашокот за пудинг, густинот и преостанатиот шеќер измешајте ги со 200 мл млеко. Додадете ја смесата во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе се згусне тргнете од оган и изладете.
Маргаринот пенесто изматете го со шеќерот во прав. Додадете го изладениот крем и повторно изматете.
Првата кора пандишпан ставете ја на послужавник и попрскајте ја со засладено млако млеко. Премачкајте со половина од кремот, наредете праските исечени на кришки и нанесете ја втората кора пандишпан. Попрскајте ја со млеко и премачкајте со преостанатиот крем. Наредете ги преостанатите  кришки праски.
Желатинот подгответе го според упатството на кесичката, нанесете го на колачот и изладете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.