четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ловечки шницли во кремаст бел сос

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Одлично време за оваа кулинарска класика која предлагаме да ја послужите со лесна салата.

Состојки:
половина килограм свински шницли
300 гр шампињони
чаша бело вино
300 мл вода (по потреба уште малку)
2 лажици брашно
3 чешниња лук
бибер, сол
магдонос
масло
Подготовка:

Месото се чука малку да се истанчи, па се пржи на масло малку околу 20 минути. Извадете ги шницлите, а во тоа масло додадете ги брашното и издробениот лук.
Пржете додека не порумени, па прелијте со 200 мл бело вино и 200 мл вода. Додадете ги сечканите шампињони, посолете и ставете бибер и вратете ги шницлите во тавата да се динстаат со шампињоните. Покријте.
Се динста на тивок оган додека да се вари сосот, но внимавајте да не стане премногу густ. Кон крајот додадете го ситно сечканиот магдонос.

Поврзани вести