Макарони со модри патлиџани

500 г макарони
800 г модри патлиџани
500 мл доматен сос
4 чешниња лук
1 лажичка оригано
1 лажичка сув босилек
100 г маргарин
60 г брашно
700 мл млеко
1 лажица сув зачин
200 г кашкавал
масло, сол и мелен црн пипер
Макароните сварете ги во посолена вода и исцедете ги.
Измиените модри патлиџани исечете ги на коцки и запржете ги во тава со масло. Додадете ги исечениот лук, доматниот сос, макароните, босилекот, ориганото, сол и црн пипер. Промешајте со лажица и ставете во намрсена тава.
На растопениот маргарин испржете го брашното, но внимавајте да не ја промени бојата. Додадете го млекото и непрекинато мешајте додека сосот да се згусне. Зачинете и нанесете го Бешамел сосот во тавата. Изрендајте го кашкавалот и печете 30 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.