Мали пици со сланина

За тесто
600 мл млеко
2 јајца
4 лажички сол
2 лажички шеќер
200 мл масло
2 кг брашно
За фил
50 гр, маргарин
100 мл кечап
100 гр, сланина ленти
150 гр, кашкавал

Се замесува тесто се остава да кисне.
Се дели на помали топчиња како за кифли.
Се сукаат и се премачкуваат со растопен маргарин, се редат едно врз друго така 6 -8 топчиња. Така на 5 места.
Се оставаат да скиснат, се сучи кора, се премачкува со маргарин и се реди кечап, сланина, оригано и рендан кашкавал. Се витка ролат, се сечат, се превртуваат се остава малку да скиснат и се премачкуваат со јајце и сусам. Се печат на 200 степени зависно од рерната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.