четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мафини од пет вида зеленчук

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Освен што се здрави, овие мафини од пет вида зеленчук се идеални за почеток на работниот ден. Се подготвуваат многу едноставно, богати се со протеини и идеални се како ужина во текот на денот, како за возрасните така и за децата.

Потребни состојки:
1 морков
1 тиквичка
шолја сецкан млад спанаќ
четвртина шолја пченка од конзерва
четвртина шолја грашок од конзерва
шолја рендан кашкавал
четвртина шолја грчки јогурт
половина шолја растително млеко
две јајца
маслиново масло
две шолји брашно
три лажички прашок за пециво
Начин на подготовка:
Рерната загрејте ја на 180 степени и подгответе го садот за печење 12 мафини. Изрендајте ги морковот и тиквичката, па исцедете ја течноста од зеленчукот. Измешајте ги тиквичката, морковот, пченката, грашокот, кашкавалот, спанаќот, јајцата, маслиновото масло, јогуртот и млекото.
Потоа додадете ги брашното и прашокот за пециво и нежно измешајте. Ставете ја смесата во калапи за мафини и печете до 25 минути.
Целосниот начин на подготовка може да го погледнете во видеото:

https://www.instagram.com/reel/CbOBVdbgcZh/?utm_source=ig_web_copy_link

Поврзани вести