Министерството за животна средина стави во функција нова веб-страница за квалитет на воздухот

Веб страницата има подобрени перформанси, подобрени анализи во делот на надминувања на граничните вредности во тековната година како и годишни анализи за претходни години – соопштија од Министерството

Во функција е нова веб-страница за следење на квалитетот на воздухот, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време. Новитет е тоа што се споредуваат со новиот индекс, кој е во согласност со Европскиот индекс за квалитет на воздух кој започна со примена од 4 јули 2025 година. Веб страницата има подобрени перформанси, подобрени анализи во делот на надминувања на граничните вредности во тековната година како и годишни анализи за претходни години – соопштија од Министерството.

Исто така, како што додаваат од МЖСПП, пуштена е и мобилна апликација за приказ на податоците за квалитетот на воздухот за Андроид и iOS чии што линкови за преземање може да се најдат на веб страницата.

Пронајдете не на следниве мрежи: