Мирисно задоволство кое се топи во уста: За секунда ќе го спремите овој КОХ кој ќе ве маѓепса со неговиот вкус!

Со неколку состојки и малку време, можете да подготвите торта што се топи во уста при првиот залак и ги освојува вашите сетила за вкус.
Состојки:
8 јајца
8 лажици шеќер
8 лажици гриз
1/2 литар млеко
Подготовка:
Во сад ставете јајца, изматете ги и потоа ставете шеќер. Мешајте додека не се соединат овие две состојки, а потоа постепено додавајте гриз.
Кога смесата ќе стане хомогена, неопходно е да се истури масата во плех, а потоа да се пече на 180 степени додека тортата не добие кафеава боја.
Потоа, загрејте го и засладете го млекото, па прелијте го со испечената кора и оставете да се излади. Кога ќе се олади, исечете ја тортата и послужете им на гостите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.