Млечен намаз со лешници и чоколадо – направете домашен еурокрем за помалку од 15 минути

Рецепт и видео прилог на CooKing – Преубав млечен намаз со лешници и чоколадо
Домашен крем без конзерванси, засилувачи на вкус и адитиви, направете им на најмилите вкусен намаз за палачинки, слатки кифли или парче леб… Превкусно!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Македонка: Никогаш не боледувам бидејќи ги прочистувам садови”
Detonic
200 мл млеко (или вода)
100 г лешник (или бело чоколадо)
100 г чоколадо (или какао)
100-300 г шеќер (по вкус)
20 г ванилин шеќер
250 г млеко во прав
150-200 г путер


ПОСТАПКА:
Лешниците најдобро е претходно малку да се потпечат во рерна или на сува тава, а кога ќе се оладат излупете ги, да бидат бели. Или купете ги веќе печени и излупени од продавница за здрава храна. Потоа ставете 100 г во блендер и ситно сомелете ги додека почнат мастите да се одвојуваат од нив.
Во тенџере ставете 200 мл млеко, 20 г ванилин шеќер и шеќер обичен, од 100 до 300 г во зависност од тоа колку сакате да ви биде сладок кремот. Додадете и 150-200 г путер исечкан на помали коцки. Загревајте на умерен оган додека да се растопат и соединат состојките.
Садот тргнете го на страна, па постепено додавајте 250 г млеко во прав со постојано матење со миксер. Измиксајте добро за да нема грутчиња. Потоа смесата поделете ја на два дела додека сè уште е топла. Во едниот дел промешајте ги мелените лешници, а во другиот сад промешајте 100 г црно чоколадо искршено на коцки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.